Ала: Турската Влада се стреми кон договор за постојано примирје на ПКК

Од:

Турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала, детално ги информира членовите на владиниот кабинет за текот на мировниот процес со Курдите и притоа ги увери дека процесот ќе продолжи со целосно почитување на јавниот ред и дека се очекува во следните неколку месеци да се постигне постојано примирје, пишува денеска весникот „Хуриет дејли њуз“.

На последното заседание на владиниот кабинет, министрите му постваувале прашања на Ала за долготрајниот и болен мировен процес, а најмногу за тврдењата дека силите за безбедност во овој процес ги затворале очите пред некои криминални активности на симпатизерите на Курдската работничка партија (ПКК).

Министерот за внатрешни работи информира дека е регистрирано намалување на бројот на кривични дела во југоисточниот регион на Анадолија благодарение на мерките што се преземени по инцидентите од 6 и 7 октомври.

Министерот Ала подвлече дека  над 1.000 Курди од градското крило на ПКК се приведени , а лицата одговорни за инцидентите се изведени пред суд.

– Нема да има отстапки за јавниот ред и неопходните инструкции што им се испратени на сите локални администрации во регионот, уверувал Ала.

Високо позициониран претставник на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) изјави дека продолжува дијалогот меѓу лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор, и турското разузнавање МИТ.

„Декларацијата дека ПКК повеќе нема да употребува оружје против Турција може да биде составена најдоцна или најрано до Невруз (курдската Нова Година, која се слави во март)“, сметаат некои членови на АКП.

По повод информациите дека преговорите во себе го вклучуваат и прашањето за „автономија“ за Курдите, претставниците на владеачката партија посочија дека се има предвид толкувањето на ова прашање во агендата на Советот на Европа за локална самоуправа, по која Турција има забелешки за 11 точки.

Официјалните лица од АКП прецизираа дека многу од членовите во агендата, за која Анкара има забелешки, веќе биле применети во Турција, но нивното официјално повлекување ќе биде направено во погоден момент.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ