Актерот Николиќ и понатаму во критична состојба, но тргнат од апаратите

Од:

Познатиот српски актер Драган Николиќ и понатаму е во тешка здравствена состојба, меѓутоа докторите успеаја да му помогнат да ја преброди кризата. Николиќ е свесен, сам дише, комуницира и се чувствува подобро, пренесува српски Блиц.

Актерот, кој неодамна беше опериран, вчера беше итно пренесен во болница.

Иако 71-годишниот Николиќ беше приклучен на апарати затоа што не можеше самостојно да дише, весникот „Ало“ објави дека лекарите успеале незначително да ја подобрат неговата здравствена состојба и актерот повеќе не е на апарати.

„Курир“ пак пишува дека конзилиумот на лекари одлучиле итно да го стават во соба за итензивна нега. Направена е ренген снимка на градите и од таму  е извадена крв. Терапијата дополнително е зајакната, но и тој натаму се чуствува лошо, додава весникот.

Драган Николиќ, кој се прослави со улогите во сериите „Отпишани“ и „Враќање на отпишаните“ и во филмовите „Кој тоа таму пее“ и „Балкан Експрес“, веќе некое време боледува од тешка болест. Во октомври минатата година мина неколку денови на испитување во Првата хирушка клиника во Белград заради проблеми со дебелото црево и тогаш беше закажана операција.

Во февруари го оперира врвниот експер, проф. др. Зоран Кривокапиќ, на Клиниката за дигестивни болести при белградскиот Клинички центар, а по зафатот според пишувањето на српските медиуми, Николиќ се чувствувал добро.

Николиќ прва филмска улога ја добо во 1964 година во „Вистинска состојба на работите“, а првата голема улога ја одигра во филмовите „Кога ќе бидам мртов и бел“ и „Животот е убав“ од 1967 година. Познат е по улогата во ТВ серијата „Отпишани“, а многумина и денес се сеќаваат на неговата улога Прле.

Во брак е со актерката, Милена Дравиќ.

– Сите сме со тебе, бори се, му порача Сергеј Трифуновиќ на колегата на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда