Ако не се врати здравиот разум, ќе мораме на нови избори, вели бугарскиот политичар Трифонов

Од:

Ако не се врати здравиот разум, ќе се одржат предвремени избори, ова го напиша лидерот на „Има таков народ“ (ИТН) Слави Трифонов на својата страница на Фејсбук.

Изјавата на Трифонов доаѓа по скандалот што изби меѓу Демократска Бугарија и „Има таков народ“ поради притисокот на Христо Иванов и Маја Манолова да ги вклучи во редовната влада помошниците министри Асен Василев и Кирил Петков.

Претходно денеска, заменик-претседателот на „Има таков народ“ Тошко Јорданов презентирашде факти за деловната кариера на Асен Василев, поврзани со кражба на интелектуална сопственост и заобиколување на законите.

Слави Трифонов напиша дека неговата партија и „Демократска Бугарија“ подеднакво сметаат дека се потребни длабоки реформи во судството поради влијанието на ДПС и ГЕРБ.

„Ние и Демократска Бугарија подеднакво веруваме дека специјалниот суд и специјалното обвинителство во Бугарија треба да бидат затворени поради нивното сквернавење од ДПС и ГЕРБ. Факт е дека ако не се врати здравиот разум и не се сетат кој е главниот непријател, ќе се оди на предвремени избори и вината за ова ќе биде нивна“, напиша Трифонов.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски