Акар и директорот на турската МИТ во посета на Москва

Од:

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар и директорот на Националната разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан се во посета на Москва, каде имаат средби со руските колеги.

– За време на средбите разговорите во Русија се разговараше за ситуацијата во Сирија, спроведувањето на договорот за житото и други прашања поврзани со одбраната и безбедноста, соопшти турското Министерство за одбраната.

Додека во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека во Москва се одржале тристрани разговори меѓу министрите за одбрана на Русија, Сирија и Турција.

– Во Москва се одржаа тристрани разговори меѓу министрите за одбрана на Руската Федерација, Сириската Арапска Република и Република Турција. Тие разговараа за начините за решавање на сириската криза и проблемот со бегалците, како и заедничките напори за борба против екстремистичките групи на територија на Сирија, се посочува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски