АИ ја повикува Грција итно да го подобри системот за давање азил

Од:

Во Грција се блокирани околу 46.000 бегалци, а условите во повеќето од привремените центри за нивно сместување се лоши, се наведува во извештај на организацијата Амнести интернешанл.

Во документот се разгледува положбата на мигрантите и бегалците, повеќето жени и деца, кои се блокирани во Грција по затворањето на границите со Македонија на почетокот на март.

АИ ја повика Грција итно да го подобри системот за давање азил и да обезбеди пристап за заштита на сите мигранти.

Организацијата нагласува дека во центрите, создадени со помош на ЕУ, имало голем прилив на мигранти, недостиг на личен простор, недостиг на хигиенски средства и греење. Мигрантите не биле добро информирани за своите права, а определени групи луѓе биле изложени на опасности. Жените изјавувале дека не се чувствуваат безбедно и оти стравувале да не станат цел на насилство.

Во извештајот се споменува и состојбата на децата кои се без придружба, а кои се задржуваат во полициските станици околу 15 дена, по што се префрлуваат во специјални центри.

– Единствено нешто што успеаја да го направат земјите-членки на ЕУ е да ја влошат кризата, бидејќи не успеаја да дејствуваат одлучно и да помогнат во префрлувањето на илјадници мигранти, кои бараат азил и кои се блокирани во Грција. Доколку лидерите на ЕУ брзо не се активираат и не ги претворат во реалност своите ветувања, пред себе ќе видат една хуманитарна катастрофа, создадена од самите нив, наведува во извештајот Џон Далхаузен, директор на Дирекцијата на АИ за Европа и Централна Азија.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина