Адвокатите во Србија запираат со работа еден месец во поддршка за студентите

Од:

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во еденмесечен прекин на работата, што ќе трае до 4 март, одлучи Адвокатската комора на Србија (АКС) на вонредно собрание.

Секретарот на комората, Немања Јоловиќ. потврди дека Адвокатската комора на Србија (АКС) на своето вонредно собрание го усвои предлогот за едномесечен прекин на работата, почнувајќи. од 3 февруари.

Адвокатите од Шабац предложија да се воспостави минимален работен процес неопходен за заштита на основните права и интереси на клиентите, така што адвокатите не треба да влегуваат и остануваат во просториите на судовите, обвинителствата, полицијата и управните органи по ниту еден основ.

Барањето е и да не се присуствува на главните претреси и главните претреси пред судовите, а адвокатите не треба да се обраќаат до обвинителството во истражните постапки и преговорите за примена на можности или спогодби за признавање вина.

Тие, исто така, нема ни да се обраќаат до полицијата во предистражна постапка.

На 7 февруари во 16 часот адвокатите најавија протест пред седиштето на Радио-телевизија Србија (РТС), барајќи јавниот сервис да ги пренесе нивните барања.

– Бидејќи РТС емитува само изјави на министерката за правда, ќе бараме да ги објави сите барања на адвокатите и да почне да го крши молкот, изјави адвокатот Мирослав Живковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студентите ја засилуваат блокадата: Работиме во најтешки услови, реагираше РТС

ВИДЕО: Четврти ден блокада, студентите остануваа пред РТС и за Велигден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Студентите ја блокираа РТС, ќе останат неодредено

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек „како во Србија“ за студентите на велосипеди во Штутгарт

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур