Албанскиот претседател Бујар Нишани го потпиша указот со кој за нов државен јавен обвинител го наименува Адриатик Лала, досегашен прв човек на Инспектортот за изајави и контрола на имотот, јави дописникот на МИА од Тирана.
– Одлучив да го наименувам за главен државен обвинител Адриатик Лала. Помеѓу неколкуте кандидати го избрав Лала поради неговото искуство во структурите на Обвинителството, како и фактот што тој со консензуз од страна на Парламентот беше избран на досегашната функција, се наведува во соопштението од кабинетот на Нишани.
Лала доаѓа на местото на Ина Рама, чиј мандат според опозицијата, со што се согласуваат и дел од странските дипломати во Тирана, требаше да заврши на 23 мај 2013, датум предвиден и со Уставот, со кој мандатот на државниот обвинител е пет години, а Рама беше наименувана во 2008.