Абдиџику: Курти отвора нерелеватни теми за да ја покрие својата неспособност

Од:

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику одбива да го коментира прашањето со кое се бави деновиве косовската јавност, за тоа дали треба да се укине админитративното упатство со кое се забранува носењето шамии во училиштата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во одговор до порталот „Газета експрес“, Абдиџику вели дека таа тема е без релевантност и е произведена од самата власт за да ја покрие неспособноста на премиерот Албин Курти.

– Немам намера да се занимавам со ирелевантни теми кои се произведуваат од самата власт за да се покрие владејачката неспособност на Курти, изјави Абдиџику.

Тој вели дека неговата партија е сконцентрирана на други прашања кои се битни за граѓаните и државата.

– Како ЛДК, ние сме загрижени поради алармантниот пораст на цените од 14,2 отсто за една година. Загрижени сме поради големата енеергетска криза престојната зима и недејствувањето на Владата во однос на таа криза. Загрижени сме поради инвестициската блокада на Косово и недостигот на капитални проекти како никогаш порано – има цњели министерства со реализација од нула отсто. Загрижени сме поради алармантното запоставување на здравството и неснабдувањето на болниците со основни лекови. Тоа се грижите на нашите граѓани и тука ќе го задржиме нашиот политички дискурс, изјави Абдиџику.

Премиерот Курти денеска изјави дека во Косово не треба да има забрана на шамиите и на другите верски елементи во јавниот живот на граѓаните, но дека прагот за тоа треба да биде 16 години.

Во косовската јавност во тек е обемна дебата околу тоа дали треба на девојчињата и девојките да им се дозволи носење шамии на училиште, а во социјалните мрежи е покрената голема кампања со барање да се укине административната одлука која е во сила и која тоа го забранува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Курти на почетокот на работите на патот Призрен – Тетово: Ги поврзуваме двата историски града

Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Курти до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје