Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател: Значајно би било и тоа да биде дама

Од:

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат.

Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој рече дека е подготвен да слушне предлог доколку некој има.

Премиерот рече дека не е преокупиран со претседателските избори и додаде дека за тоа дополнително ќе се изјаснат и органите на неговото движење.

„Најважно е Црна Гора да добие нов претседател и тоа да биде заеднички граѓански кандидат. Тоа би било одлично. Значајно би било и тоа да биде дама“, рече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ.

Истакна дека е сигурен дека Црна Гора ќе добие нов претседател за кој се надева дека ќе биде покооперативен во остварувањето на националните интереси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Абазовиќ: Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ за Црна Гора

А1он

Абазовиќ: Ѓукановиќ да биде подготвен на последиците доколку не го потпише Законот за Претседател

А1он

Абазовиќ: Само во Подгорица изгубивме гласови, во другите градови дури и сме наградени

А1он

Абазовиќ и Аџиќ ќе раководат со министерствата за надворешни работи и одбрана на Црна Гора

А1он

Абазовиќ поднесе иницијатива за разрешување на двајца министри

А1он

Абазовиќ покажа фотографија: Мило Ѓукановиќ со „Шкаљарци“

А1он