Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска пред Собранието на Црна Гора ќе поднесе иницијатива за разрешување на министерот за одбрана Рашко Коњевиќ и министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ, потврдија за РТЦГ од Кабинетот на Владата на Црна Гора.
Член на Владата во таа држава се разрешува со мнозинство гласови од сите пратеници.
Претседателот на „Вистинска Црна Гора“ и пратеник Марко Милачиќ пред неколку дена испрати иницијатива до Абазовиќ со која бара во Собранието да се покрене постапка за разрешување на Коњевиќ и Кривокапиќ.
Извор: МИА