А што кога ќе си оди Тамара

Од:

Тамара отиде, а ние остануваме. И што сега? Дали ќе се вратиме на старо и повторно ќе станеме алчни, саможивни, лицемерни и себични? Или циклонот Тамара треба повторно да се врати, да го затемни небото и да не потсети дека сме луѓе? Мора ли навистина водата да ни дојде до грло, па ова најплеменито во нас, кое толку тешко го препознаваме и го покажуваме кога состојбата е нормална, да исплива на површина?

Ене ги, нишките затвореници, 1.158 од нив, се откажаа од еден оброк, но под услов храната да се достави до најзагрозеното население сместено по колективните центри. Пазете само, го условуваат управникот со хуманитарна акција! Тоа се затвореници осудени за најтешки дела. Значи грешници, не сакаат амнестија, не молат за намалување на казната, не поставуваат услови. Значи дека зад решетките се вовлекла човечноста, како онаа проклета вода, која потоците ги претвори во масовни убијци, која пробиваше бедеми, рушеше куќи, носеше луѓе…

Ни властите не беа посебно оптимистични кога бараа доброволци за спас на Шабац, но наместо чети, на зборното место во Белград, стигна цела дивизија. Што рече еден сосед, беше како во филмот Марш на Дрина. Само недостасуваше незаборавниот Љуба Тадиќ, кој ја одигра една од најдобрите машки улоги во југословенскиот филм, своеглав мајор Курсула. Пробисвет кој станува херој.

Делиите и гробарите, кои меѓусебно се пукаат по белградските сплавови на бреговите на Сава, а кога нема муниција, тогаш се колат, овој пат заедно полнеа и поставуваа вреќи. Припадниците на ЛГБТ популацијата, како што е коректно политички да се каже, ја откажаа геј парадата и се фрлија на хуманитарна работа. Да дојдеа во експедиција за спасување, а веројатно и беа тоа, рака под рака заедно со хулиганите, би направиле бедем на бреговите на Сава.

Кога требаше да се изгради пункт, за да се одбрани Термоелектраната и рудникот во Костолац, племенитоста продолжи да се шири како епидемија, па сите патишта беа блокирани од силните доброволци кои без наредба тргнаа на фронт. Од толкава хуманост, за малку да избие курцшлус во енергетскиот систем на земјата.

Тоа дека во вонредни состојби вонредно се буди алтруизмот, веројатно е работа за докторите за глава. Барањето одговор зошто е тоа така, се наоѓа во делот на потсвеста и психотерапевтот др. Милојевиќѓ сигурно има одговор на тоа, но мислам дека би било необично драгоцено до тој одговор да дојде секој од нас. Затоа, кога сето ова ќе помине, да останеме такви какви што обично не сме.

Се случи така, што одеднаш во незапамтена непогода, потресени од страшни фотографии на поплавени градови, деца кои ги евакуираат со хеликоптери, старци кои од поткровјето на своите куќи чекаат спасители, ненадејно но масовно, забележавме како нашите плакари се исполнети со нова, речиси неносена облека, која одамна не им е точна на нашите деца. Гледај, како плакарите се полни со кошули и сакоа кои не ги носиме со години, а кои на некого совршено би му стоеле.

Некого ќе го стоплат. Некого ќе го спасат. На некого ќе му ја вратат самодовербата и вербата во живот…

Меѓутоа, ние таа облека залудно ја чуваме со години и не ни паѓа на ум дека некаде надвор од нашите топли домови, живеат некои луѓе кои го сонуваат нашиот куќен секнд хенд.

Во тој комформизам на редовната состојба, кога стекнувањето на материјалните добра ни е наметнато како догма, а лакомоста како особина која покренува напред, солидарноста стана непознат збор, или уште поискрено, тоа е особина која пречи и ја ослабува нашата душа во транзициската трка за ништо…

Има повеќе од една година кога некои деца снимаа на мобилен телефон самоубиец кој се подготвил да скокне од мост во Белград, додека возачите од автомобилите викале конечно да скокне, за да се растовари сообраќајот, а тие што побрзо да стигнат дома. Дали тие не се блиску до оние плакари со непотребни работи.

Така, поплавите не направија подобри. Многу народ однесе лични работи на тие кои сега им треба сува облека. Многу народ побрзаа во супермаркетите, купија храна да ја носат на други. Знам некои кои позајмуваа пари, да купат храна за Обреновчани.

Знам некои разгалени девојчиња кои првпат не се бунеа што нивните играчки и фустанчиња отидоа кај непознати и смрзнати деца.

Но, кога надоаѓаа голема вода, кога неволјата ќе налета како цунами, таа носи се, па и талогот од дното. Ги замислувам трговците кои ги зголемија цените на водата и храната за да заработат на туѓата несреќа. Ги замислувам трговците со струја кои три пати ги зголемија цените, за да ги умножат своите десетина или стотици милиони евра, па дополнително да ги оплодат. Овие поплави за нив не беа несреќа. Оваа голема, страшна вода ги покрена нивните турбини кои треба да произведуваат уште и уште профит…

Се обидувам да ги скицирам психолошките профили на тие приоритети, но и на ситни, одвратни криминалци, кои се прикрадуваат во темницата од напуштени куќи и го крадат од сиромашните она што малку им остана…

Треба ли да се казнуваат со прекршочни пријави, апсење или само да се стават на столбот на срамот? Каков треба да биде човек-лешинар, па да краде по напуштените домови?

Ги замислувам како излегуваат од чамците со вклучени батериски лампи, во гумени чизми и претураат по плакарите, гледаат под креветите, се качуваат на таваните и пребаруваат по старите спомени…

Меѓутоа, некои баш изненадија. И телевизија Пинк се испра со редовното 24 часовно покривање на спасителните напори, дури и кај тие луѓе кои до крај не веруваат дека розевата телевизија во кризата се однесе како вистински јавен сервис од најплеменети побуди. Сепак, ни тие скептици, наклонети кон естетиката како Жељко Митровиќ, не останаа рамнодушни кога и Пинк ја пронајде душата…

– Дали ја сакате или не, навистина Пинк заслужи едно големо браво!

И некои тајкунски души се одмрзнаа. Најголемите приватни компании праќаат шлепери, храна и вода. Газдите пишуваат бројки на сметките за помош и верувам дека се искрени…
Велат, така било и кога не бомбардираше НАТО. Да, но тогаш, додека не посипувале со осиромашен ураниум, некои биле за Милошевиќ, а некои против. Општеството сепак било поделено. Сега е поинаку. И често циничните твитераши би се откажале од своите остри критики и исмејувања, кои прераснуваат во маниризам и наместо критичари со 140 карактери, покрај радио аматерите тие станаа најбрз извор на информации и патоказ за пружање на помош. Секоја чест, браќа твитераши!

Дали, сепак ова единство во несреќата ќе потрае и кога ќе се повлечат големите води? Веројатно нема, но сепак ја топли душата. Гледам дека Барак Обама, при подигнувањето на музеј за 11 септември, вели дека американскиот народ ништо не може да го скрши.

Е, мој Обама, затоа сме толку различни и веројатно затоа толку добро и толку искрено не се разбираме.

Србите и останатите етнички заедници не ги кршат несреќи, војни и големи води. Нас не крши редовната состојба.

Политика – Белград

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ