Полицијата трага по опасен маж (86) кој пукал во соседите денеска кај Мајданпек, град во источна Србија.
Загинале две лица. Неофицијално се дознава дека се маж и жена. Едно лице е рането. Наводно маж пукал во брачна двојка, но полицијата не може да ги идентификува жртвите бидејќи поради пожарот што избувнал не може да се приближи до местото на злосторството.
По пукањето, полицијата ги советувала жителите да се затворат во своите куќи и да не ги отвораат прозорците.
Работата да биде уште полоша, при престрелката е ранет и маж (59) кој гаснел пожар во блиската нива. Го погодиле два куршуми и бил згрижен во Здравствениот дом во Доњи Милановац, потврди доктор Владица Петровиќ.
Напаѓачот се уште не е совладан, а полицијата го блокира приодот до селото. Апсењето е во тек, а на местото на престрелката излегоа и припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЈ). На пат кон Мајданпек е и хеликоптер на МУП.