500 албански затвореници од Грција ќе се вратат дома

Од:

Голем дел од албанските затвореници кои издржуваат казна во грчките затвори ќе бидат вратени во Албанија. Според договорот на Министерствата за правда на двете земји во првата фаза ќе бидат трансферирани 500 албански затвореници.

На овој начин им се дава можност да ја одлежат затворската казна во матичната земја, јавува агенцијата Балкан веб.

„Оваа иницијатива на грчкото Министертво за правда е во рамки на напорите да се ослободат од пренатрупаност домашните затвори, каде има околу 8.000 странци, а од нив 2.500 се албански државјани.

Секако тука се и мерките на владата за намалување на трошоците“, наведува Балкан веб.
Ваква иницијатива грчкото министертво ќе преземе и со колегите од Романија и Бугарија, за значителен број нивни државјани кои се во грчките затвори.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски