30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Од:

Повеќе од 30.000 луѓе, според полицијата, протестираа денеска во Грција за да ја одбележат смртоносната железничка несреќа пред една година, „национална траума“ според зборовите на премиерот кој призна „колективен неуспех“ наспроти големата небрежност.

Во Атина имаше повеќе од 20.000 демонстранти. Некои од нив фрлаа молотови коктели пред парламентот, а полицијата одговори со фрлање солзавец пред да се растера толпата, пренесува AFP. Исто така надвор од парламентот, други со црвено ги напишаа имињата на 57-те луѓе кои загинаа на 28 февруари 2023 година во најсмртоносниот судир во грчката историја.

Слични инциденти имало и во Солун, каде според полицијата се собрале 10.000 луѓе. Грција делумно штрајкува на повик на главниот синдикат на јавниот сектор АДЕДИ, кој претставува околу половина милион работници. Речиси целиот сообраќај, од возови до метро, ​​запрea na 24 часа.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната