Вучевиќ: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Владата на Србија

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска во разговор со комесарот за добрососедска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, изјавил дека членството во Европската Uнија останува стратешка цел на српската Влада во новиот мандат што го предводи, соопшти српската Влада.

Премиерот Вучевиќ, како што е соопштено, посочил дека Србија е пред сериозен процес чија крајна цел е уредна и стабилна држава и подобар стандард за граѓаните на Србија, додавајќи дека очекува конкретен напредок во пристапниот процес и натамошни реформи.

Тој посочи дека Србија континуирано работи на отворањето на Кластерот 3, кој е целосно подготвен, додавајќи дека очекува позитивен сигнал од Европската унија за негово отворање.

„Нашата цел е да продолжиме со понатамошната модернизација на земјата и да ги спроведеме потребните реформи, пред сè, во делот на владеењето на правото“, изјави Вучевиќ.

Тој му се заблагодари на еврокомесарот за поддршката на Србија во процесот на влез во Европската унија и оцени дека пред новата влада стојат важни задачи и големи предизвици, за кои Србија е целосно подготвена.

Вархеји истакна дека Србија постигнала напредок во однос на реформите во судството и законите за медиумите и дека новата влада е исправена пред важната задача за натамошни структурни реформи.

Тој посочи дека очекува напредок на Србија на полето на евроинтеграциите во следните пет години, додека да трае мандатот на новата Европска комисија.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Синоќа имаше политички протести со цел промена на власта

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Вучевиќ: На 24 јуни ќе ги конституираме партиски тела, потоа ќе се приклучиме на движењето

Вучевиќ: Се забранува учество на српски државјани во воени конфликти во Украина

А1он

Мала дипломатска победа за Србија, смета министерот за одбрана Вучевиќ

Вучевиќ: Наводите дека барикадите ги поставува руската „Вагнер група“ се „глупост и бесмислица“

А1он