Српската полиција и пожарникари спасуваа граѓани во поплавите

Од:

Припадници на српското МВР поради последиците од врнежите интервенирале на територијата на Нови Сад, општина Беочин, како и во Сремски Карловци, Зрењанин, Шабац, Рума и Ваљево.

Пожарникарите-спасувачи вчера евакуираа две лица од покрив на поплавен автомобил на улицата Партизанска во Нови Сад и уште едно лице во Коцелева, каде се поплавени повеќе објекти, се вели во соопштението од МВР.

Според информациите, припадниците на Одделението за вонредни состојби беа ангажирани за испумпување на вода од подрумите во Рума, Черевиќ, Жабље, Сремски Карловци и Зрењанин.

Во соопштението се додава дека поплавени се десет куќи во Коцелева, како и во Ваљевска Лозница, каде вода навлегла во подрум на кафеана.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски