18 повредени полицајци и над 30 приведени во Приштина

Од:

Осумнаесет полицајци се повредени, а над 30 лица се уапсени денеска во Приштина за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите, кои се обиделе да упаднат во косовскиот Парламент, за да протестираат против преговорите со Белград.

Во петокот премиерот на Србија Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи се сретнаа во Брисел.

Денешниот протест во Приштина беше организиран од движењето „Самоопределување“, кое се спротивставува на какви било преговори со Србија. Движењето ја осуди средбата Тачи-Дачиќ и ја оцени како „предавство“.

На централниот плоштад во Приштина денеска се собраа околу 300 демонстранти. Тие скандираа антисрпски пароли и вееја транспаренти со натписи „Не“ на преговорите со Србија! и „За“ сојуз со Албанија!

Косовската полиција за борба против нереди употреби солзавец врз демонстрантите, кои фрлаа со камења.

Приштинските медиуми објавија дека полицијата го притворила, но потоа го ослободила Курти и уште двајца пратеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија