17 налози за апсење по разорниот земјотрес во Албанија: Се товарат за убиство на 51 лице

Од:

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење со обвинение за убиство и злоупотреба на службената должност, поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина 6.4 степени минатиот месец, кога се урнаа повеќе десетици згради, соопшти полицијата, додавајќи дека девет лица се уапсени денеска.

Полицијата и обвинителството наведуваат дека првобитните истраги покажале дека една од причините поради што настрадаа луѓето во урнатите згради, било тоа што градежниците, инженерите и инвеститорите не се придржувале по правилата, нормите и стандардите за безбедност при изградба, пренесува Ројтерс.

Од деветмината уапсени, двајца се сопственици на два хотели кои беа уништени во Драч, при што загинаа четири лица, а третиот уапсен е менаџер на хотелот кој е наменет за одмор на полицијата, а каде загина високо рангирано полициско лице.

Полицијата наведува дека и двата хотела на плажата на Јадранско море се изградени нелегално, а третиот е легализиран нелегално.

Се наведува дека некои од 17-те лица кои ги бара обвинителството побегнале по земјотресот на 26-ти ноември.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици