14 турски полицајци загинаа во напад на минибус

Од:

Четиринаесет турски полицајци загинаа, а двајца се повредени денеска во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир.

Бомбата била поставена на патот каде минувал минибусот, во кој се наоѓале полицајци кои работат на граничниот премин кој води од истокот на Турција кон Азербејџан. Се претпоставува дека нападот го извршиле припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и тоа два дена по нападот во турскиот округ Хакари, во кој загинаа 16 турски војници.

Турската армија одговори со воздушни напади врз цели на ПКК во југоисточниот дел на Турција и северен Ирак.

Во текот на ноќта повеќе од 50 турски воени авиони ги нападнале позициите на борците на ПКК во северниот дел на Ирак, при што загинале најмалку 40 припадници на ПКК, но бројот на жртвите не може да биде потврден со сигурност.

ПКК има свои бази на планината Кандил во северниот дел на Ирак.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера вети дека Турција „ќе биде исчистена од терористи“.

Во судирите меѓу турските безбедносни сили и припадниците на ПКК од јули, кога беше прекинато примирјето, загинаа повеќе од 70 припадниците на турските безбедносни служби и стотици борци на ПКК.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ