14 години од НАТО бомбардирањето врз СР Југославија

Од:

Со потпишување на Кумановскиот договор пред точно 14 години, се стави крај на бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија кое започна на 24 март 1999 година. Преставници на војската на Југославија и Обединетите Нации го потпишаа Воено-техничкиот договор на 9 јуни 1999 г.

Југословенската војска имаше рок од 11 дена да ги повлече своите војници и полицијата од Косово.

Акцијата што тогашната влада на СРЈ, но и многу странски експерти за меѓународно право ја нарекоа агресија, следеше по неуспешните преговори за решавање на Косовската криза во Рамбује и во Париз, водени во февруари и март 1999 година.

За материјалната штета што и’ е нанесена на тогашната држава во текот на бомбардирањата, се изнесуваат различни процени. Тогашните власти во Белград проценија дека штетата изнесува околу стотина милијарди долари и побараа надомест од земјите членки на Алијансата. Групата економисти Г17 ја процени штетата на 29,6 милијарди долари.

Бомбардирањето на Југославија заврши на 10-ти јуни 1999 година, со усвојувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ден претходно во Куманово претставници на Војската на Југославија и на НАТО потпишаа т.н. Воено-технички договор со кој беше прецизирано повлекувањето на силите на Војската на Југославија од Косово и влегувањето на меѓународните сили во тогашната српска покраина.

Во бомбардирањето загинаа околу 2.000 луѓе, а повеќе од 5.000 беа ранети. Нападите врз СРЈ кои траеја 78 дена тешко беа оштетени инфраструктурата, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ