13-годишно момче со нож и секира нападна жена и нејзиниот 17-годишен син во селото Радоево во Србија, пишува Нова.рс. Во нападот повредени се жената и синот, поради што ноќеска во 3 часот и 33 минути биле примени во болницата во Зрењанин.
Мајката на возраст од 57 години потоа била префрлена во Клиничкиот центар во Војводина, а порталот zrklik.com неофицијално дознава дека при нападот со секира се здобила со повреди на главата.
Нејзиниот 17-годишен син бил прободен неколку пати во пределот на градниот кош и удрен со секира во главата, а лекарите се борат за неговиот живот.