10 години затвор за Санадер

Од:

Иво Санадер е прогласен за виновен во случајот Hypo и ИНА-Мол. За двете дела за кои се товареше доби единствена казна затвор во траење од 10 години.

Со оваа пресуда Санадер стана првиот премиер од просторот на поранешна Југославија кој е осуден за воено профитирање и предавство на националните интереси.

Судијата Иван Турудиќ ги образложи казните затвор, односно рече дека за воено профитерство, Санадер е осуден на 7 години затвор, а за примање мито од унгарскиот МОЛ на три години. Исто така во рок од 15 дена тој на државата треба да и врати 3.5 милиони куни.

Обвинителството минатата недела бараше максимална казна затвор од 15 години, додека одбраната бараше ослободување.

„Не сум криминалец, туку човек избран легитимно од хрватскиот народ и со совест ја раководев владата, Ако не беше така, немаше да бидам избран во вториот мандат“, рече Санадер во својот завршен говор од процесот.

Против Санадер се води и судењето за случајот Фими медија, во кое заедно со неколку негови сопартијци се товари за извлекување на 70 милиони куни од државните институции и компании. Дел од парите наводно завршиле во партискиот “црн фонд”, а дел во приватни џебови.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби