Путин: Украина сака да го направи она што го направи Хитлер

Од:

Состојбата на бојното поле нема да се промени дури и ако Украина ја намали старосната граница за воена регрутација на 14 години, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Мислам дека намалувањето на возраста за мобилизација на 18 години би било кривично дело. Спуштањето на 14 години, како што беше направено во нацистичка Германија со формирањето на Хитлеровата младина, би било злосторство. Сите го разбираат тоа“, рече тој по состанокот на одбор на руското Министерство за одбрана.

Путин додаде дека нема сомнеж дека старосната граница за регрутација на Украина на крајот ќе биде намалена.

„И ќе праќаат момчиња на колење. Како што прават сега кога ловат мажи по улица, како скитници, за да ги испратат на боиште под дожд од куршуми преку присилна мобилизација, истото ќе го сторат и со тие млади луѓе“, истакна Путин.

Тој исто така додаде дека „функционерите на тој режим“ едноставно ќе ја напуштат земјата, барајќи засолниште кај оние по чија наредба сега дејствуваат.

„Тоа е сè, така ќе биде. Некои поединци од неодамнешното минато веќе избегаа, тие се веќе во странство, во удобност, благодарение на парите што ги украдоа од украинскиот народ“, рече тој, додавајќи дека се подготвени да направат било што за нивните господари.

„Верувам дека тоа ќе продолжи додека не ги постигнеме целите на специјалната воена операција“, заклучи Путин.

Би можело да ве интересира

Путин испрати новогодишни честитки – на списокот се само двајца западни лидери

А1он

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Путин: Целосно ќе го расчистиме Курскиот регион

А1он

Путин: Се надевам дека Западот ме слушна

А1он

(ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС

А1он

Трамп му честиташе на Путин за размената на затвореници

A1on