Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина доколку Киев стане нуклеарна сила.
„Нема да дозволиме Киев да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Путин.
Тој посочи дека Украина не може да прави нуклеарно оружје, туку само валкани бомби, но и додаде дека Русија на тоа ќе реагира на „соодветен начин“.
„Оние кои го спомнуваат враќањето на нуклеарното оружје во Украина не чувствуваат одговорност за судбините на луѓето и светот“, рече Путин.
Запрашан кога може да се случат можни напади од страна на Русија врз центрите за одлучување во Украина, тој рече: „Можеби и денес во текот на денот се е можно“.
Претходно денеска Путин изјави дека ракетата „Орешник“ има моќ што може да се спореди со нуклеарно оружје.
Путин нагласи дека „Орешник“ не е оружје за масовно уништување, туку прецизно оружје без нуклеарно полнење и потврди дека започнало сериското производство на ракети „Орешник“, но дека ќе се изберат конкретни цели за напади врз Украина, зависи од природата на целите и заканите за Русија.