Путин еднострано прогласи прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи дводневен прекин на огнот во војната со Украина на 8 и 9 мај, по повод годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Ова го објави денес руското Министерство за одбрана, додавајќи дека очекува украинската страна да го стори истото и дека Русија ќе започне масовен одмазднички ракетен напад врз центарот на Киев доколку Украина се обиде да ги наруши прославите на Денот на победата.

„И покрај можностите што ни се на располагање, Русија претходно се воздржа од такви акции од хуманитарни причини“, соопшти министерството.

Тие, исто така, објавија дека се подготвени да дејствуваат доколку прекинот на огнот не се почитува.

„Го предупредуваме цивилното население во Киев и персоналот на странските дипломатски мисии за потребата навремено да го напуштат градот“, се вели во соопштението, според Ројтерс.

Би можело да ве интересира

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он

(ВИДЕО) Врз Запорожје фрлени 5 авионски бомби – загинаа 17 лица, а 18 се повредени

А1он

(ВИДЕО) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје се искачи на 7, меѓу кои и три деца

А1он

Кличко: Путин најмногу би сакал да го напуштиме Киев

А1он

„Њујорк тајмс“: Затворањето на мостовите во Киев може да создаде „логистички кошмар“ за цела Украина

А1он

Путин: Русија беше подготвена да ги продолжи преговорите, но Киев се обиде да ја нападне Москва

А1он