Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека тригодишниот конфликт во Украина ќе заврши за „два месеца“ или помалку ако Западот престане да го поддржува Киев.

„Нема да постојат еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите. Се би било готово за месец и половина или два“, изјави Путин во интервју за руската државна телевизија.

Според него, разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е „нелегитимен“.

„Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите“, рече Путин, нагласувајќи дека Зеленски е „нелегитимен“ бидејќи неговиот претседателски мандат истекол за време на воената состојба.

Би можело да ве интересира

Путин прогласи велигденско примирје

А1он

Путин: Поморските стратешки нуклеарни сили опремени со модерно оружје

А1он

Путин нареди регрутација, 160.000 луѓе се приклучуваат на армијата од април до јули

А1он

Путин најави развој на руската арктичка зона и арктичкиот транспортен коридор

Горан Наумовски

Русите ја нападнаа Одеса со дронови, избувнаа големи пожари

А1он

Путин пристигна во регионот Курск, предложи формирање безбедносна зона долж границата

А1он