„Звуците на Чаршијата“ на 22. и 23. септември

Од:

Многубројни концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети ќе понуди 9. манифестација „Звуците на Чаршијата“ што ќе се одржи утре и задутре.

Град Скопје и Културно-информативниот центар-Скопје (КИЦ-Скопје) се покровители и организатори на манифестацијата, а во реализацијата се вклучени општина Чаир и Македонски Телеком.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција информира дека ја поддржуваат манифестацијата со 700 илјади денари. Додаде дека фестивалот придонесува за заживување на Старата скопска чаршија од културен аспект и ги покани скопјани да уживаат во програмата.

FINAL FLAYERI  MAQEDONISHT      SE BASHKU.cdr

Директорката на КИЦ-Скопје Сермине Пурине истакна дека фестивалот ги почитува обичаите и духот на Старата скопска чаршија.

– Тесните улички на Старата скопска чаршија на 22 и 23 септември ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани, рече Пурине.

Фестивалот ќе почне со концертот на Слаткаристика и Шпенд Латифи на плоштадот „Филип Втори“ во 21 часот. На 23 септември во 12 часот на платото пред Штуловиот универзитет ќе настапи Аква Денс, а од 13 часот ќе настапи Ансамблот на староградски македонски песни и ора „Серенада“ од Виница. На плоштадот „Скендербег“ ќе има ликовна колонија, а ќе настапат Сарана Османи со група млади уметници кои ќе свират на класични инструменти, ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и ќе има книжевна вечер. Од 20 часот до полноќ во Куршумли Ан ќе настапат Шкурте Фејза и Агим бенд,  Адријан Гаџа, Флоријан, Линдон, Ледри и Ера Естрефи.

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити потсети на проектите кои досега се реализирани во Чаршијата, како осветлување, овозможено е само движење на пешаците, продолжено работно време за дуќаните…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето