До заклучокот дека жените наутро се помрзоволни од мажите дошле американските научници во чие што истражување учествувале 2.000 возрасни лица.
Половина од нив потврдиле дека не сакаат со никого да разговараат по будењето, односно се до осум часот наутро. Една третина испитани жени го избегнуваат разговорот со своите колеги на работа, додека една петтина дами потврдиле дека поради утринската мрзоволност ги игнорираат дури и сопствените деца.
Зошто жените се будат помрзоволни? Стручњаците тврдат дека жените по будењето стануваат свесни за напорниот и стресен ден кој е пред нив, поради што ги обзема лошо расположение, дури и пред да излезат од креветот.
Оваа напнатост, кавгаџиско расположение и мрзоволноста има своја цена. Луѓето со ведар карактер имаат пониско ниво на кортизол – хормон на стрес кој може да придонесе за настанување на разни болести.
Ако забележувате мрзоволност кај постарите членови на семејството, внимавајте да не е во прашање депресија. Поради врежаното мислење дека луѓето со годините стануваат потиштени и мрзоволни, често се случува постарите луѓе и поблиските роднини да ги протолкуваат симптомите на депресија како нормална последица на стареење. Но, тоа не е точно. Депресијата не е нормална последица на стареење и треба да се лекува, сугерираат лекарите.