Зошто зборуваме премногу?

Од:

Повеќето луѓе чувствуваат непријатност ако се најдат во ситуација на молчење и веднаш бараат начин тoa да го запрат. Проблемот го решаваат со пуштање на некоја музика, пеење, зборување, го вклучуваат телевизорот или слично. За некои пак, тишината е толку неподнослива што речиси не престануваат да зборуваат. Тие понекогаш не се ни свесни за тоа, но луѓето околу забележуваат и со душа чекаат да престанат.

За да не не напуштат нашите пријатели, колегите да не не избегнуваат на работа или пак да не дојдеме во конфликт со шефовите, потребно е да се освестиме дека премногу зборуваме и да ги откриеме причините за ваквото однесување.

Иако се вели дека молчењето е злато, сепак за почеток луѓето кои премногу зборуваат доволно е само да се обидат да се контролираат, а молчењето да го остават за понатаму.

„Дрдорливците“ со својата константна потреба да зборуваат сакаат да ја пополнат тишината, бидејќи тие не се чувствуваат удобно. Тишината им прави голема непријатност која ги вознемирува, па со зборувањето се смируваат. Ова може да биде предизвикано и од стравот дека нема да се вклопат во друштвото, па зборуваат постојано за да го свртат вниманието на себе. Како да се плашат дека другите луѓе не ги забележуваат, па мораат да го истакнат своето присуство. Покрај тоа, нивната потреба да се докажуваат зависи и од нивната позиција во општеството. Луѓето кои не престануваат да зборуваат обично ги гледаат останатите околу нив како потенцијална закана.

Со својта „акција“ тие се наметнуваат, се обидуваат секогаш да го кажат последниот збор и на тој начин да ја имаат контролата над ситуацијата. Така се чувствуваат посигурно.

Некои пак премногу зборуваат за да се заштитат од сопствените мисли. Луѓето кои не знаат како да се справат со своите проблеми, со прекумерното зборување ги игнорираат мислите, затоа што кога постојано зборуваме, не постои можност да се слушне внатрешниот дијалог што се случува во сите нас. Се додека не стивнат нивните стравови, желби, фантазии и слично, или не стигнат на некои свесно ниво, потребата за зборување не престанува.

Според горенаведените ситуации, се чини дека заштитен механизам на многу човечки проблеми е токму зборувањето, но, проблемот е во тоа што кога зборуваме постојано, со нашето однесување влијаеме на другите луѓе. Најчесто крајниот ефект е негативен за самите нас.

Со малку повнимателно набљудување можеме да видиме дали постојано им правиме монолози или им дозволуваме на тие околу нас да зборуваат рамноправно со нас. Ако сметаме дека постојано зборуваме за себе, тогаш најверојатно тоа е така. Важно е да станеме свесни за ситуациите во кои имаме тенденција постојано да зборуваме. Најчесто тоа е кога сме нервозни или сме под некој притисок или стрес. Потребно е да свртиме внимание на дишењето – дишете длабоко и издишувајте преку нос. Тоа ќе ни го смири телото и ќе ни даде доволно време да се справиме со мислите кои ни поминуваат низ глава. Никој нема да забележи дека сме преокупирани со дишењето, само ќе зборуваме помалку.

Вториот чекор да се справиме со потребата да зборуваме е секогаш кога ќе кажеме нешто да го завршиме нашиот дел со прашање. Така ќе го поканиме слушателот и тој да каже нешто, а ние ќе бидеме тивки и ќе слушаме. Луѓето сакаат кога некој е заинтересиран за нивното мислење, па ќе стекнеме и пријател плус. Исто така, додека правиме пауза во зборувањето, а соговорникот го има делот да раскажува, потребно е пак да се обидеме да се смириме со помош на дишењето.

Во суштина многу лесно е да се постигне добар резултат, но најважно е да се сфати дека сме имале проблем и да се обидеме да ја преземе контролата. Нема ништо лошо во тоа кога имаме многу за раскажување, но сето тоа треба да се направи смислено и со поента. Така нашите зборови ќе имаат поголемо значење, а луѓето ќе бидат среќни да не слушаат.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он