Зошто на враќање секогаш имаме впечаток дека патот е пократок?

Од:

Дали некогаш сте се запрашале зошто ви е потребна цела „вечност“ да дојдете до одредено место, а на враќање времето протлетува за час?

Јапонските истраживачи неделава открија нешто повќе во врска со овој феномен.

Во студијата во која учествуваа 20 мажи меѓу 20 и 30 години, испитаниците добија задача да одлгледаат два филма, со пауза од 10 минути меѓу филмовите. И двата филма биле со иста должина на траење.

Половина од испитаниците гледале две снимки на кои е прикажано патување од една дестинација до друга, додека другата група гледала два филма на која бил прикажан обратниот правец.

За да измерат како мажите го перцепираат изминатото време, речено им е да се јават кога ќе помислат дека минале три минути од филмот. Тие добиле задача да на скала од 11 ја означат должината на траење на филмот, каде -5 поени на едната страна значело дека првиот филм бил многу подол од другиот , а на +5 на другиот спротивно – дека првиот филм бил значително пократок.

Мажите немале впечаток дека вториот филм траел пократко, што прилично ги изненадил научниците. Ситуацијата сепак се променила кога учеесниците во експериментот биле замолени да ги споредат двата филма.

Имено нашиот мозок текот на времето го мери на два начина – еден е математички, а вториот е заснован на употреба на јазикот, каде создаваме „приказни“ во врска со времето на настанот кој сме го доживеале.

Ефектот на повратен пат, не влијае на самиот наш механизам за сметање на изминатото време, туку постдиктивно на нашето чувство за време.

Кога патуваме негде најчесто брзаме да стигнеме на време или само сме нестрпеливи, па сметаме на секоја секунда, поради тоа имаме чувство дека патувањето трае подолго.

Поради тоа што сме ја процениле должината на патот, на враќање обично затоа пријатно се изненадуваме кога ќе сватиме дека не траело оноколку колку што сме мислеле.
На враќање обично не размислуваме за изминатото време и патот ни е познат, што дополнително допринесува за влијанието дека патувањето трае пократко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ