Зоолошката градина со „Патека на шумата“

Од:

Зоолошката градина во Скопје денеска ќе добие ново едукативно катче „Патека на шумата”, што се наоѓа во делот на европските животни. Патеката ќе има интерактивни содржини, а посетителите ќе се запознаваат со важноста на шумите.

Целта на едукативното катче е да се промени односот на децата кон животните и животната средина.

– За помалите, патеката може да биде почетно место да се допре, слушне, мирисне и види шумата. Тука ќе можете да научите како да измерите висина и старост на дрво, да разликувате дрва по звук, како животните ги употребуваат сетилата, да препознаете кое животно поминало пред вас, како се прави гнездо, каде живеат инсектите и како да ја заштитиме биолошката разновидност, се со цел да ја зачуваме животната средина за идните генерации, информираат од скопската Зоолошка градина.

На посетителите, приказната на шумата ќе им ја раскажуваат шумарски инженери од Здружението на студенти на Шумарскиот факултет во Скопје.

Во рамки на проектот, повеќе од 200 деца учествуваа во шумски работилници, а за воспитувачите и сите оние кои работат со деца беше подготвен краток прирачник со кој преку игра децата ќе имаат можност да се запознаат со шумата и нејзините жители.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ