Жител на Торонто беше казнет со 425 канадски долари (330 американски долари), бидејќи ја играл популарната игра Покемон гоу на шините на метрото, пренесе ТАСС.
Марк Кори (20) сподели на социјалните мрежи видеозапис во кој се гледа како игра Покемон гоу на шините на метро станица Унион во Торонто.
Претставници на властите наишле на видеото, по што го казниле поради ловот на Покемони.