Пред една година главна тема на социјалните мрежи беше раскинувањето на Шакира (46) и Жерар Пике (36), кои се разделија по дванаесет години врска.
Пејачката започнала одмазднички чин со помош на музика, откако се дозна дека поранешниот фудбалер на Барселона ја изневерил. Додека фановите на Шакира секојдневно го осудуваа прељубничкиот потег на пензионираниот фудбалер, Пике не сакаше да дава конкретни коментари. Тој дури неодамна даде кратка критика во емисијата „Ел мон“.
„Доколку се грижев за се што се зборува за мене, ќе бев затворен во мојот стан во моментов или ќе скокнев од него“, рече Пике, кој не дозволи негативните коментари да дојдат до него.
Пензионираниот фудбалер додаде дека јавноста не била информирана ниту за десет отсто што навистина се случило меѓу двојката.
Од раскинувањето, Шакира објави четири песни во кои преку текстови се обраќа на својот поранешен партнер и неговата нова девојка. Песната во која ги пее стиховите „Јас вредам како две од 22 години, си замени „ферари“ за „твинго“, има над 640 милиони прегледи на Јутјуб.