Кога завршуваат романсите, на никого не му е лесно, било да е во прашање разделба на пократка афера, подолга врска или развод на брак. Сепак, што се однесува до половите, „заздравувањето“ трае подолго кај едниот.
Сите разделби се тешки, но некои потешко ги преживуваат. Пред се, тоа се мисли за жените, што потврди и истражувањето спроведено на Универзитетот Бингамтон, каде учествувале 5.705 доброволци од двата пола од 96 земји, со просечна возраст од 27 години.
Од испитаниците 75 отсто доживеале барем еден љубовен бродолом, а нешто помалку преживеале повеќе разделби. По правило, разделбата многу потешко се поднесува психички, отколку физички, а на жените дефинитивно им е потешко од мажите.
Тие изјавиле дека чувствувале многу силна душевна бол, а од емоциите, најмногу се јавувало лутење, анксиозност, страв и депресија, додека мажите по разделбата се чувствувале неспособни, како да го изгубиле фокусот.
Сепак, интересен е податокот дека жените се тие кои ја прекинуваат врската, многу почести во однос на мажите, додека од нив 24 отсто откриле дека тоа било заедничка одлука.
А зошто најчесто се прекинуваат врските? Најчеста причина е недостаток на комуникација, што двојно е почесто од неверството, посочуваат научниците.