Жените често ја користат бременоста како изговор

Од:

Повеќе од една четвртина од жените кои очекуваат бебе, потајно уживат во некои аспекти на бременоста, се наведува во едно истражување.

Истражувањето кое го спроведе MyVousherCodes.co.uk откри дека идните мајки често уживаат во бременоста, но и дека ја користат како изговор и ја свртуваат во своја корист во многу ситуации.

Како пример, 56 отсто од испитаничките рекоа дека го користат заморот како изговор да не учествуваат во различни општествени случувања, на кои не им се одело и пред остаат бремени. Имено во тие моменти се чувствуваат одлично, но заморот го користат како изговор да не присуствуваат на некое случување.

Осумдесет и девет отсто од нив изјавиле дека уживаат во бременоста и заради тоа што можат да јадат што сакаат и колку сакаат и дека не мораат да внимаваат да килограмите, како и тоа дека не мораат да вежбаат.

Како добра страна на бремената жена ја наведоа и предноста што ја имаат пред другите патници во градскиот превоз, бременоста е добар изговор за да ги оправдаат своите ситни лаги, а од партнерот добиваат и дополнително внимание во тој период.

Но, без оглед на сето тоа, најголем број идни мајки наведуваат дека најубавото чувство во бременоста е тоа што знаат дека во себе носат нов живот и дека на свет ќе донесат бебе.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум