Педесет и тригодишната дизајнерка на ентериери Ана од Франција неодамна за францускиот канал TF1 раскажа како станала жртва на голема измама поради која на непознат маж му испратила 830.000 евра мислејќи дека тоа е Бред Пит.
На Ана подоцна и била дијагностицирана тешка депресија.
Пред два месеци таа се пријавила во клиника за ментално здравје, каде што е и денес.
Нејзината адвокатка Лорен Хана изјави дека нејзината клиентка на интернет ја нарекувале „глупава и наивна“ и дека била немилосрдно малтретирана.
По инцидентот со „Бред Пит“ и коментарите на луѓето на интернет, Ана ги избриша сите нејзини социјални мрежи. Адвокатката вели дека случајот е страшен и шокирана е од реакциите на социјалните мрежи.
“Изгледа дека луѓето штотуку открија дека има измами на интернет. Љубовните измами на интернет не се ништо ново. Ана сигурно не е единствената. Она што му треба на мојота клиентка е добар совет и да се третира со достоинство”, изјави Лорен за Daily Mail.
non french oomfs you’re missing out on an insane documentary that came out today where a woman was scammed (MORE THAN 800K😭) by a brad pitt impersonator and THIS was the type of pictures he’d send her 😭 pic.twitter.com/wQcufl4P9c
— alex ˚✧₊ (@shoyobito) January 12, 2025
Лорен Хана рече дека му помага на својата клиентка да поднесе тужба против банката затоа што дозволила неконтролирани трансфери на толку големи суми пари на сметки во странство.
Да потсетиме, вели Ен, „Бред Пит“ во еден момент и напишал дека има рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си ги дозволи средствата за лекување.
Тој и испратил фотографии од болницата (дури и од операционата сала), создадени со помош на вештачка интелигенција.
Тие никогаш не разговарале по телефон бидејќи, како што вели Ана, секогаш биле презафатени.
По неколкумесечна преписка, Ана се согласи да се омажи за човекот кој и праќаше пораки.
На крајот му уплатила пари за „третман“ на лажна сметка.
Таа почна да се сомнева во неговиот идентитет кога во медиумите се појавија фотографии од Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон.
Таа ангажирала детективи, кои набрзо ја откриле вистината – таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. Сепак, било предоцна.