Зголемен бројот на туристи во Грција

Од:

Бројот на странски посетители на Грција во периодот јануари-мај годинава е зголемен за 17 проценти, надминувајќи три и пол милиони туристи, додека приходите од туризмот се зголемени за 10,6 проценти во споредба со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Атина.

Овие податоци ги соопшти Банката на Грција, додавајќи дека бројот на туристи од ЕУ изнесувал два милиони и 69 илјади, односно за 18,7 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Посетителите од трети земји се зголемиле за 14,7 проценти на еден милион и 497 илјади, додека туристите од земјите на еврозоната се зголемиле за 12,6 проценти.

Бројот на туристи од Германија паднал за 5,8 проценти, додека посетителите од Франција и Велика Британија се зголемиле за 13,9 и 25,5 проценти.

Туристите од Русија се зголемиле за 39 проценти, а од САД за 33,4 отсто. Приходите од туризмот од земјите-членки на ЕУ се зголемил за 14,5 проценти на 1,1 милијарди евра, додека приходите од други земји се зголемиле на 738 милиони евра, што е зголемување за 5,1 проценти во споредба со истиот период во 2013 година.

Грчкиот туристички биланс бележи суфицит од 1,13 милијарди, што е зголемување за 6,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија