Здравко Чолиќ ја продаде семејната куќа на Кошутњак во Белград за повеќе од еден милион евра.
Како што пишуваат српските медиуми, Чолиќ брзо нашол купувач за овој величествен имот, а локацијата на неговиот нов дом засега не е позната.
Еден од најголемите уметници во регионот ја чува својата приватност во тајност и само најтесниот круг на луѓе се информирани дека се преселил со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.
Чола најпрвин живеел на Дедиње, каде ја продал својата куќа, по што купил вила во мирниот дел на Белград.
Неговата вила, која брзо ја продал, е опкружена со зеленило, а пред неа има голем двор со две порти. Еден од најубавите делови на куќата е дворот, во кој има базен.
Додека Здравко живеел во Кошутњак, неговите сограѓани често го гледале како вежба во блиската шума, каде поминувал многу време. Неколку пати е фотографиран додека трча или ужива во природа.
Соседите на Чола истакнаа дека тој е многу љубезен и приземен и дека секогаш срдечно се поздравува со сите.
Минатата есен Чолиќ купи луксузен стан во Пула, а се проценува дека становите во тие згради би можеле да вредат и повеќе од 500.000 евра.