Чолиќ најмногу ќе заработи за најлудата ноќ, за неговиот настап во Дубровник исплатена е рекордна сума

Од:

Хрватските медиуми тврдат дека Здравко Чолиќ ќе земе дури 130.000 евра за да пее на пречекот на 2024 година на Страдун во Дубровник.

Како што наведуваат, ова е убедливо најголемата сума што некој пејач ја добил за настап на новогодишната ноќ во Хрватска, по Дино Мерлин, кој, според хрватските медиуми, наводно земал 80.000 евра за да ја дочека 2018 година во Дубровник.

– Драги пријатели, со нетрпение го очекувам Дубровник, новогодишната ноќ на Страдун, најубавата сцена на светот! Ве сака и поздравува Здравко Чолиќ – изјави пејачот кога беше објавено дека ќе пее во Дубровник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Чола на тренинг кај Пандев

Ана Ололовска