Завршница на Неделата на дизајн во Скопје

Од:

На крајот на седмото издание на Неделата на дизајн во Скопје во фокус се детските работилници. Работилницата за дизајнерско размилсување кај децата со која се „размрдува” секојдневното учење на деца на возраст од 7-14 години. Работилницата е во пет фази, односно: поставуање на рамка на дизајн предизвик, идентификување со таргет корисникот, генерирање на идеи, прототип решение, тестирање на прототип. Оваа работилница е првата програма за дизајнерско размислување за деца, во соработка со Британскиoт совет и Швајцарската претприемачка програма Свис контакт.

Паралелно се одржува и втората работилница, наречена „Еден чекор напред со Бреинобреин”, учествуваат и родителите и децата, а се одвива преку четири активности: учење на основните математички функции на абакусот, вежби со кои се стимулираат одредени регии во мозокот, како и тестови на брзина на работа на мозокот, со кои се унапредуваат вештините за пишување кај децата и последниот креативен дел каде се изработуваат наменски картички.

Работната програма ја комплетираат уште две презентации, овојпат наменети за професионалци насловени како: Two innovative design projects водена од страна на Вероника Краутх која ќе ги претстави одличните архитектонски дизајн решенија: концепт CALTROPe и LUMINARIGlass, додека втората презентација се однесува на Hello Wood Studio – преку презентирање на последните проекти и искуството кое го имаат стекнато Петер Позсар и Радај Давид како основачи на Hello Wood Studio, кои паралелно организираат интернационални, непрофитни, едукативни настани како несависна агенција во Унгарија. Она што е интересно дека самите изразија голем интерес за поставка на инсталација во Скопје наредната 2018 година.

Завршницата на ова седмо издание на Неделата на дизајн во Скопје, во работниот дел се заокружува со доделување на наградата за Најдобар млад бренд од Македонија, а за изборот на истата се погрижи четиричлено жири составено од организаторот, дизајнери, архитекти и ПР Агенцијата Навигаторс.

За носителот на наградата за Најдобар млад бренд од Македонија за време на Неделата на Дизајн во Скопје, ПР агенцијата Навигаторс обезбедува едногодишна консултантска поддршка во областа на маркетингот, бесплатна комуникациска стратегија и едномесечна кампања. Заедно со победникот ќе изградиме и победнички пристап кој се надеваме ќе прерасне во бренд што се приврзува за срце и го ангажира умот.

Градење на еден бренд значи вбризгување на еден вид персоналити инжинеринг преку кој тој добива свои особини и на тој начин автентично комуницира со својата публика. – изјави Наташа Дукоска, извршен директор на ПР Агенција Навигаторс.

Во чест на Денот на Унгарија – земјата во фокус, денес, концерт ќе има унгарскиот бенд „Михаљи Борбељи Балкан џез проект“ со почеток во 21.00 часот.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн.

Сите активности на Неделата на дизајнот се отворени во Јавна соба и Лукс мебел и расветa секој ден од 8:00 до 01:00 часот, а влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето