Со настапот на Верка, на Скопската тврдина Кале заврши осмиот гурмански викенд на пиво „Пиволенд 2015“. Традиционално, фестивалот на пивото е во организација на Град Скопје и на „Темов“.
Според организаторите, фестивалот годинава го посетиле над 150 илјади посетители. Како и досега, и годинава посетителите имаа можност да уживаат во вкусна храна и да дегустираат различни пива, домашни и странски. На ова осмо издание можеа да се најдат над 50 пивски брендови.
Во текот на фестивалот настапија Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Фолтин, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела… Од регионот гостуваа панк-фолкот бенд Бркови – Хрватска, како и Блендед Бру од Данска. Настапи и Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со над 300 концерти годишно.
И годинава на „Пиволенд“ настапија млади и неафирмирани бендови од Македонија.
„Пиволенд 2015“ почна на втори, а заврши на шести септември.