Заеднички концерт на Васил Гарванлиев и Викторија во Приморско

Од:

Претставниците на Северна Македонија и на Бугарија на годинашната Евровизија, Васил Гарванлиев и Викторија Георгиева, вечерва ќе одржат заеднички концерт во црноморскиот град Приморско. Како што јави дописникот на МИА од Софија, концертот ќе започне во 21 часот по локално време на отворената сцена во близина на Општина Приморско.

Со концертот ќе се отвори меѓународниот камп „Приморско креативен камп 2021“, за време на кој на едно место се собираат претставници на креативните индустрии во Бугарија и Европа. Организаторите за бугарските медиуми изјавија дека Васил со нетрпение го очекува концертот.

-Бугарската публика е одлична. Секогаш ме поздравува со многу љубов. Многу сум среќен што можам да ја споделам сцената со Викторија, вели Гарванлиев.

На Концертот ќе настапи и победникот на популарното ТВ шоу „Бугарија бара талент“ – Валерија Војкова, која ќе изведе заедничка песна со Викторија. На музичкиот спектакл ќе му се придружат македонско-канадскиот композитор, музички продуцент и пијанист Давор Јордановски, како и унгарскиот композитор и уметник Џони Палмер.

Интернационалниот креативен камп „Приморско креативен камп 2021“ се одржува со поддршка на Општина Приморско и Форест Бич Ресорт.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме