Забрането споредување на Џианг Цемин со жаба

Од:

Кинеските власти цензурилале информација на Интернет за поставувањето на џиновска статуа на крастава жаба во еден парк во Пекинг, затоа што многу Кинези се пошегувале дека водоземецот со надуени образи потсетува на поранешниот претседател Џианг Цемин.

Статуата на жабата висока 22 метри е поставена изминатиот викенд, кај езерото во еден парк во Пекинг. Како што шегите на посетителите на паркот почнале да зачестуваат, така од Интернет се повлечени сите информации за жабата-споменик.

Во Кина е во сила цензура, со цел спречување исмејување на политички лидери или објавување информации кои ја омаловажуваат сликата на водечката Комунистичка партија.

Џианг Цемин, беше генерален секратер на КП од 1989 година до 2002 година, а претседател на Кина од 1993 до 2003 година.

Иако повеќе не е на власт, Џианг има влијание во партијата и во 2012 година имаше влијание при изборот на новото кинеско раководство.

Медиумите во Хонг Конг во 2011 година јавија дека Џианг починал и објавија негова фотографија со бојадисана коса, што тогаш предизвика потсмевување на Интернет.

Би можело да ве интересира

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ