Забава за децата за време на зимските празници

Од:

Секое дете со нетрпение ги очекува зимските празници. Кога ќе почне распустот погрижете се заедно да уживате со нив на најдобар можен начин.

На децата секако треба да им дозволите да уживаат и во омилените видео-игри и филмови, но треба да се поттикнат на уживање и на некои други начини.

Совети за сите родители

Планирањето е клуч на успехот. Голем број родители целата енергија ја трошат за време на празниците нивните домови бидат што поудобни, па најчесто се преморени кога ќе поминат тие неколку денови. Печењето колачи заменете го со одење на излет со детето.

Извадете ги децата надвор од домот. Ви изгледа невозможно? Се е возможно ако излезете со доволно добар план кој ќе им се дападне и на децата.

Повеќе слободно време и  овозможува на децата повеќе да се дружат со пријателите. Организирајте дружење во топлината на сопственит дом.

Постете ги роднините. Иако на децата од училишна возраст тоа може да не им звучи особено забавно, заинтересирајте ги.

Родители на деца од шест до девет години

Посетете ги библиотеките и прелистувајте книги кои на децата би можеле да им бидат интересни.

Вклучете ги децата во печење колачи. Дури и за момчињата на оваа возраст е играњето со тестото и украсувањето на колачиња е вистинска забава.

Родители на деца од десет до петнаесет години

Поставете граница на времето поминато пред екранот. Поттикнете го детето повеќе да се дружи со пријателите. Вклучете го детето во некои волонтерски активности во текот на празничните денови. Посетете ги немоќните или направете колачи за сиромашните.

Родителите на деца од 16 до 18 години

Ако вашиот тинејџер напорно работел во училиштето пред зимските празници дајте му доволно време да се одмори.

Овозможете му на детето, ако тоа го сака, одење на еднодневен или дводневен одмор со пријателите.

Организирајте семеен филмски маратон. Детето нека ги одбере филмовите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ