За Водици во Охрид ќе пее Жељко Јоксимовиќ

Од:

В четврток, на 4 декември, на свечена седница на здружението на граѓани „Богојавление“, треба да биде објавен новиот годинашен кум на Водици и на богојавленските празници, во јавноста познатата манифестација – фрлање на свет крст во водите на Охридско Езеро. Дотогаш, до црковниот празник Митровден, тече конкурсот за избор на кум на Водици 2015, манифестација што охриѓани ја организираат со поддршка на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА.

Иако пријави од кандидати можат да пристигнуваат уште три дена, практично изборот ќе биде направен помеѓу двајца бизнисмени (по еден од Охрид и од Скопје) и еден познат интерпретатор на забавна музика од Република Србија.

Организаторите не го откриваат идентитетот, но сакаат манифестацијата,покрај верски, да има уште повеќе туристички карактер. Сепак, според шпекулациите, за Водици, во Охрид ќе пее Жељко Јоксимовиќ.

Од „Богојавление“ велат дека во полн ек се подготовките за одбележувањето на Водици. Дваесетина охридски хотели веќе понудиле разни попусти на празничните аранжмани за Водици кои, првпат, ќе важат во периодот од 12 до 20 јануари 2015 година и ќе го опфатат празникот Стара нова година – Василица. Организаторите сакаат да направат еден регионален туристички производ, кој ќе биде атрактивен за посетителите, а кои, покрај на празникот Водици во Охрид, ќе можат да присуствуваат и на атрактивниот Василичарски карневал во Вевчани.

Практично, празнувањето на Водици ќе трае четири дена, со богата културно-забавна програма и со многу изненадувања за посетителите, а ќе биде подготвена и традиционалната рибна чорба за денот на рибарите во Охрид.

Изминативе години, неколкупати, преку амбасадата во Скопје, почесно кумство му беше понудено и на рускиот претседател Владимир Путин! Молбата не беше ислушана, па затоа сега од „Богојавление“ размислуваат да му се обратат на патријархот московски и на цела Русија, г.г. Кирил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ