За синот ништо: Наследството на Брижит Бардо отиде во фондацијата посветена на животните

Од:

Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, беше една од најплатените актерки во светот, а за нејзината улога во филмот „Вива Марија!“ заработи 35 милиони долари. За време на нејзината филмска и манекенска кариера и инвестициите во недвижнини, таа заработи помеѓу 65 и 100 милиони долари.

Покрај тоа, автобиографијата „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, наводно ѝ донела околу четири милиони долари. Таа, исто така, ја остави зад себе својата позната куќа во Сен Тропе, Ла Мадраг.

Таа беше активистка и се бореше за правата на животните. Одамна ја изрази својата желба нејзиниот имот да служи за „повисока цел“.

– Ја дадов мојата младост и убавина на мажите, а сега им ја давам мојата мудрост и искуство на животните – рече таа еднаш.

Кога дошло време да го напише својот тестамент, таа решила да го остави поголемиот дел од својот имот на Фондацијата Брижит Бардо, на организација што ја основа во 1986 година во Ла Мадраг, заедно со адвокат од Сен Тропе и близок пријател. Фондацијата е посветена на кампањи за спасување и стерилизација на животни.

Таа ја остави селската куќа, авторските права од продажбата на книги и вилата во Сен Тропе на таа фондација. На синот, со кој имала многу сложен однос, не му остави ништо.

Би можело да ве интересира

Почина Чак Норис

Кинескиот Нострадамус го предвиде крајот на војната со Иран, глобалниот поредок ќе се промени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Синот на Меџик Џонсон откри како реагирал кошаркарот кога му кажал дека сака мажи

Предраг Петровиќ

Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерка си во Америка, таа повикала полиција

Предраг Петровиќ

Трогателна исповед на младата Ева: Наметнатите комплекси од училиште ја доведоа до анорексија

Предраг Петровиќ

Музичката ѕвезда во центарот на скандал: Осомничен за убиство на 15-годишно девојче

Предраг Петровиќ