За првпат во Зоолошка градина Скопје пристигнуваат пингвини

Од:

Во Зоолошката градина во Скопје од пролетта следната година ќе бидат донесени пингвини.

Од Зоолошката градина наведуваат дека скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година изградбата на живеалиштето одеднаш беше стопирана, иако веќе одамна беше најавено доаѓањето на пингвините.

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено на време.

– Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што е ветено, да не го видат. Сепак, нашата цел е да направиме европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет, истакнува Галетановски.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината