Попривлечни за мажите се девојки кои имаат тетоважа, отколку оние што немаат – вака покажале резултатите од едно британско истражување кое покажало дека мажите женските тетоважи потсвесно ги доживуваат како исклучително секси, но и јасен повик за секс.
За да го докажат ова, истражувачите избрале 30 мажи и ги замолиле да одберат кои жени им се најпривлечни од вкупно 50 девојки, при што биле избрани само 11 од вкупниот број.
Потоа научниците ги замолиле тие 11 девојки да одат сами на плажа, во црвено бикини и да читаат книга.
Изненадувачки е тоа што мажите во 24% од случите им приоѓале на девојките кои имаат тетоважа, но и за 10% побрзо почнале флерт отколку со оние кои немаат тетоважа.
Во вториот дел од истражувањето, мажите добиле задача да проверат колку девојките се подготвени на секс уште на првиот состанок, при што е откриено дека девојките кои имаат тетоважа биле подготвени на флерт и на секс уште на првата ноќ.