За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Од:

Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон П. Диди во име на 120 жртви на сексуален напад, го пријави бројот на повици и извештаи за нови случаи против раперот.

Тој тврди дека телефонската линија што ја поставил на почетокот на неделава била преплавена со неверојатни 12.000 повици за околу 24 часа.

„Од вчерашната прес-конференција, за околу 24 часа имавме 12.000 повици“, рече Базби.

Имено, на овој начин адвокатот им овозможил на жртвите кои се уште не ја кажале својата страна од приказната и кои не се осмелиле да го пријават злоставувањето извршено од познатиот рапер, да контактираат со него.

„Нашата задача е да се обидеме да го провериме секој од овие повици и да ги идентификуваме жртвите и оние што се сведоци и на тој начин да собереме докази“, рече адвокатот, додавајќи дека речиси 100 луѓе работат на случајот на Диди.

„120-те тужби за кои зборувавме пред неколку дена, тоа се тужби што би можеле да ги поднесеме против Комбс веднаш, но сакаме да се погрижиме да собереме се што можеме“, додаде адвокатот.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ