Вуди Ален снима нов филм, веројатно последен: Возбудата исчезна

Од:

Режисерот Вуди Ален, кој се соочи со негативни реакции во Холивуд откако неговата посвоена ќерка го обвини за сексуална злоупотреба, изјави дека оваа есен ќе сними нов филм во Париз и дека тоа би можело да биде неговиот последен филмски проект.

Во едно од ретките интервјуа, Ален (86) разговараше со актерот Алек Болдвин за неговата кариера и неговата нова книга „Нулта гравитација“, збирка хумористични есеи.

„Голем дел од возбудата исчезна“, рече Ален за снимањето.

„Порано кога ќе снимав филм, се прикажуваше во кината низ целата земја. Сега правиш филм и добиваш неколку недели во кино, потоа оди на стриминг или плаќање по гледање… тоа за мене не е задоволство“, изјави режисерот.

Ален не даде детали за неговиот нов, воедно педесетти по ред филм.

Награден со четири Оскари, режисерот на „Ени Хол“ и други комедии постојано ги негираше обвинувањата дека ја злоставувал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година.

Би можело да ве интересира

Вуди Ален му бил пријател на контроверзниот Џефри Епстин

Ана Ололовска

Вуди Ален снима нов филм во Шпанија

Ана Ололовска

Вуди Ален: Да не дозволиме да се создаде „лов на вештерки“

Наум Локоски

ВИДЕО: Топлес активисти на Фемен прекинаа концерт на бендот на Вуди Ален

Ана Ололовска